Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави дека на натпреварот од европскиот Суперкуп меѓу Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт ќе биде претставена новата полуавтоматска технологија за одредување офсајд.
Со користење на камери поставени низ теренот, кои може да следат до 29 различни точки на телото на фудбалерот и чипот во топката, технологијата ќе помага во носење на одлуки.
„УЕФА постојано бара нови технолошки решенија со кои ќе се унапреди фудбалот и ќе им се помогне на судиите“, соопштија од УЕФА.
Новата технологија треба да го скрати просечното време потребно за носење одлука за офсајд од 70 на 25 секунди.