четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА ќе се обиде да го спречи создавањето на Суперлигата

УЕФА ќе се обиде да го спречи создавањето на Суперлигата

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се спротивстави на создавањето на Суперлигата кое беше најавено изминатите денови.

Информациите дека 11 клубови сакаат да создадат своја Суперлига од 2021 година, се појави во германски „Шпигел“, врз основа на информациите за фудбалските клубови кои ги доби изворот.

-Тоа го повредува целиот фудбал во светот. Покрај тоа, тоа ќе го направи фудбалот повеќе здодевен. Да го гледате Јувентус со Баерн секоја недела е повеќе здодевно, отколку, да речеме, Јувентус со Торино. За мене, ова е јасно прашање. Јас ќе се борам против оваа идеја и ќе сторам сé што е во моја моќ, таква лига да не се формира додека јас сум на чело на организацијата. Ако зборуваме за затворен систем, можеме да заборавиме на солидарноста и развојот на фудбалот. На крајот сите губат, изјави Чеферин.

Според најавите во Суперлигата треба да играат 16 врвни европски екипи.

МИА