понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА попушти: Големи промени- Лигата на шампионите повеќе нема да биде иста

УЕФА попушти: Големи промени- Лигата на шампионите повеќе нема да биде иста

Покрај големиот отпор кој го пружи последниве месеци, УЕФА на крајот попушти, па ВАР системот ќе биде официјално користен од сезоната 2019/2020 година.

Покрај најелитното натпреварување планирано е системот да биде користен и во Суперкупот на Европа, како и на Европското првенство во 2020 година. Интересно, ВАР нема да се користи во Лигата на Европа, туку од сезоната 2020/2021 година, а планирано е да биде користен и во Лигата нации од 2021 година.

Да потсетиме, системот кој најголема презентација доживеа во текот на неодамнешното Светско првенство во Русија, им овозможува на судиите да ги прегледуваат снимките и дополнително да ги испитуваат клучните детали. Во Русија имале големи обвинувања на ВАР, кој е надлежен околу головите, пеналите, црвените картони и ситуациите кога судијата ќе казни погрешен играч.

Дури и самиот претседател на УЕФА, Александар Чеферин тврди дека е потребно време, за систем каков што е ВАР да се имплементира во Лигата на шампионите.

-Уверени сме дека воведувањето на ВАР од август 2019 година, ќе овозможи доволно време да ги обучиме судиите успешно да го користат во Лигата на шампионите, како би имале чесно натпреварување, порача Чеферин.