среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА се откажува од идејата за Европско првенство со 32 репрезентации

УЕФА се откажува од идејата за Европско првенство со 32 репрезентации

„Дејли мејл“ дознава дека УЕФА има намера да се откаже од планот за проширување на Европското првенство на 32 репрезентации од 2028 година.

На тој чекор УЕФА е принудена со истражување, според кое финансиските ефекти не би биле добри доколку на ЕП учествуваат дури 32 репрезентации. Предвидливоста во групите, голем број нерешени исходи би ја намалиле атрактивноста.

УЕФА разгледуваше и други опции, како на пример откажување од традиционалните квалификациски групи и се играат нокаут натпревари, но и овој предлог не доби „зелено светло“ од телевизиските и комерцијалните партнери.

Конечната одлука сè уште не е донесена и ќе се чека на Извршниот одбор во ноември. Од 2016 година на ЕП учествуваат 24 репрезентации, а претходно беше организирано со 16 селекции.