вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА се поправи: Ова е целосниот распоред на Македонија во квалификациите за ЕП

УЕФА се поправи: Ова е целосниот распоред на Македонија во квалификациите за ЕП

Европската куќа на фудбалот го откри новиот распоред на натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2024 година, кое ќе биде организирано од Германија.

Нашата репрезентација не доби нови вести. Како и според првичниот распоред, циклусот ќе го започне со Малта, а ќе го комплетира со домашен меч против големата Англија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:

23 март 2023 Македонија – Малта
16 јуни 2023 Македонија – Украина
19 јуни 2023 Англија – Македонија
09 септември 2023 Македонија – Италија
12 септември 2023 Малта – Македонија
14 октомври 2023 Украина – Македонија
17 ноември 2023 Италија – Македонија
20 ноември 2023 Македонија – Англија

Првите две репрезентации од секоја група ќе обезбеди директен пласман на турнирот. Неколку месеци пред почетокот на шампионатот ќе се одигра плеј-офот, од кој ќе бидат познати уште три учесници.