петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА: Шкупи домаќин во вторник, Шкендија в четврток

УЕФА: Шкупи домаќин во вторник, Шкендија в четврток

Шкупи ќе го игра реваншот од 3. квалификациско коло во Лига Европа против Шамрок на 9 август во Скопје, додека Шкендија два дена подоцна ќе го пречека АИК на Националната арена „Тодор Проески“ во реваншот од 3. квалификациско коло во Конференциската лига, одлучи УЕФА.

Фудбалерите на Шкупи првиот натпревар против ирски Шамрок Роверс ќе го играат в четврток во Даблин, додека Шкендија истиот ден ќе му гостува на АИК на Стокхолм.

Доколку Шкупи го елиминира ирскиот противник ќе продолжи во плејофот за Лига Европа, а воедно ќе обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига.