Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) свика итен состанок на Извршниот комитет поради руската инвазија на Украина.
„Поради развојот на ситуацијата помеѓу Русија и Украина во последните 24 часа, претседателот на УЕФА одлучи да свика вонреден состанок на Извршниот состанок за петок, 25 февруари за да се преземат неопходните мерки. Повеќе мерки ќе бидат објавени по состанокот на Извршниот комитет“, стои во соопштението на УЕФА.
Новинската агенција Асошиејтед прес, дознава дека на Санкт Петербург ќе му биде одземена организацијата на финалниот натпревар во Лигата на шампионите што треба да се игра на 28 мај.
АП од анонимни извори дознава дека на утрешниот состанок на Извршниот комитет ќе биде потврдена одлуката за преместување на финалето во ЛШ. Русија утринава изврши воена инвазија на Украина.