вропската фудбалска федерација (УЕФА) донесе конечна одлука, на следното Европско првенство што ќе се игра во 2024 година, три селекции ќе обезбедат пласман преку Лигата на нации.
– За Евро 2024 ќе бидат осигурани три места преку Лигата на нации. Ќе бидат одредени 12 тима кои ќе играат плеј-оф, а во прашање се 12 победници на групите во дивизиите А, Б и Ц. Ако победниците во овие групи веќе обезбедиле место на ЕП преку редовните квалификации, тогаш ќе бидат заменети со најдоброрангираните селекции од нивната дивизија. Доколку во дивизијата нема доволно селекции што не се квалификувале низ квалификациите, баражот ќе се пополни со селекции од следната по квалитет дивизија, заклучно и со дивизијата Д – стои во соопштението на УЕФА.