Поради неисполнување на обврските од новиот Правилник за лиценцирање и финансиска одржливост, дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука да им изрече санкции на 11 клуба.
Најголеми санкции им се изречени на Клуж и Осијек кои имаат условни казни на две години и тие ќе стапат сила доколку во следниот период состојбата не се регулира. Патем романскиот клуб ќе мора да плати 250.000 евра, а Осијек 150.000.
Арис, Астана, Олимпија и Ријека се суспендирани на една година условно, а и за нив се одредени парични казни во висина од 30.000 евра за клубот од Казахстан, 50.000 за екипата од Солун додека најголема казна доби Олимпија во висина од 100.000 евра.
За останатите 11 изречени се парични казни, а најголема е за Коњаспор која мора да плати 150.000 евра, а Валмиера (Летонија), Борац Бања Лука, Жар Петропавлоск (Казахстан) и Флоријана (Малата) сумите се петоцифрени.
Поради огромните долгови без паричната награда од настапите во Европските клупски натпреварувања останаа Осијек и Ријека кои не ги исполниле финансиските критериуми во 2022 година и имаат долг од околу 450.000 евра.