недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Упамекано и Рабио се вратија на тренинзите на француската репрезентација

Упамекано и Рабио се вратија на тренинзите на француската репрезентација

Дајот Упамекано и Адриен Рабио се вратија на тренинзите на француската репрезентација и се очекува да бидат подготвени за финалниот натпревар на Светското првенство против Аргентина.

Двајцата го пропуштија дуелот против Мароко во полуфиналето, а финалето е закажано за в недела од 16 часот.

Коман, кој е соиграч на Упамекано во Баерн, според француските медиуми, денеска останал во хотелот поради вирусот.

Ден по натпреварот, француските репрезентативци имаа полесен тренинг, кој вклучуваше трчање и истегнување.