Пари Сен Жермен веќе размислува за активностите во летниот преоден рок. Островските медиуми пренесуваат дека францускиот шампион сега е подготвен да се вклучи во трката за потписот на голгетерот на Наполи, Нигериецот Виктор Осимен.
Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал веќе се распрашуваат за одличниот напаѓач, но сите сега имаат силна конкуренција.
Осимен игра во фантастична форма оваа сезона и има постигнато 19 гола на 22 натпревари во Серија А, а неговиот Наполи прави големи чекори кон освојување на скудетото.
Интересно е што спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Луис Кампос, работеше во Лил кога го доведоа Осимен од Шарлроа во 2019 година.