Репрезентацијата на Гана остана без селектор откако репрезентацијата не успеа да ја помине групната фаза на СП во Катар. Ганците го загубија дуелот со Уругвај со 2:0 во последното коло и го заземаа последното место на табелата.
Тоа е трета тренерска смена на СП 2022 откако претходно оставки поднесоа Херардо Мартино од Мексико односно Роберто Мартинез од Белгија.
Инаку Адо беше назначен за селектор на Гана оваа година, а претходно беше в.д. селектор. И покрај пласманот на СП, тој не можеше да го крене тимот да биде „фактор“ на Мундијалот во Катар.