Фудбалерите на лондонски Тотенхем ја потврдија фаворитската улога и на вториот меч против тимот на Волфсбергер во Лигата на Европа.
Жозе Мурињо очекувано ротираше во составот и шанса им даде на играчите кои не играат толку често во Премиер лигата, а тие му возвратија со одлична и убедлива победа од 4:0.
Деле Али беше играч на натпреварот со еден погодок и две асистенции, а во листата на стрелци се запиша и Карлос Винисиус кој погоди два пати и Герет Бејл .
Тотенхем по двомечот со австрискиот претставник си обезбеди пласман во следната фаза од второто по ранг натпреварување во Европа кое е под капата на УЕФА;