петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вака ќе изгледа дресот на „кралевите“ за идната сезона (ФОТО)

Вака ќе изгледа дресот на „кралевите“ за идната сезона (ФОТО)

Специјализираниот портал за спортски дресови Footy headlines го објави дресот со кој Реал Мадрид ќе игра идната сезона.

Иако изгледот не е официјално потврден, овој портал со 90% сигурност ги објавува своите сознанија, па може да се верува дека Реал со ваков дизајн ќе игра догодина. На новиот дрес, повторно има златни ленти на спонзорот Адидас, нешто што беше типично за Реал последната деценија.

Дресовите ќе се најдат во продажба кон крајот на мај или почетокот на јуни 2023 година кога треба да се игра завршницата од шпанското првенство и Лигата на шампионите.