понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ван Дaјк не спиел два дена по промашениот пенал во четвртфиналето на Мундијалот

Капитенот на фудбалската репрезентација на Холандија, Вирџил ван Дајк, призна дека многу страдал поради поразот од Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

– Не можев да спијам две ноќи по тој натпревар. Ова разочарување беше логично. Бевме толку блиску до успех и покрај тоа што примивме два гола. За жал, не реализирав толку важен пенал. Многу ме боли, имав многу тежок период, изјави ван Дајк, за холандските медиуми.

Холанѓаните загубија од Аргентинците на пенали (2:2, 3:4).

Ударот на Ван Дајк го одбрани голманот Емилијано Мартинез.