вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ван Гал: Цела година вежбаме пенали и пак не успеавме

Ван Гал: Цела година вежбаме пенали и пак не успеавме

Иако не загуби и во дваесеттиот натпревар како селектор, Луј ван Гал не успеа да ја прескокне Аргентина и загуби на пенали, исто како во полуфиналето во Бразил во 2014 година.

„Цела година вежбавме пенали, но и покрај тоа не успеавме. Како тренер сакам да имам контрола на сите детали. Затоа ги замолив играчите да изведуваат пенали во своите клубови, а тие тоа го направија. Но, ако промашите два, не можете да победите. Едноставно не можете да ја победите таа серија.Имаше контроверзни одлуки, но не дозволувам да загубиме поради судиите“, изјави Ван Гал за холандската национална телевизија.