Дваесет и девет годишниот напаѓач Мауро Икарди е отпишан од ПСЖ и се очекува да најде нов клуб до крајот на овој месец.
Кристоф Галтие, новиот тренер на Париз, вчера изјави дека имал разговори со Икарди и му рекол дека повеќе не смета на него.
За Икарди, кој одигра три сезони во ПСЖ и постигна 38 гола на 92 меча, нема многу време бидејќи треба што поскоро да открие во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.
На трансферот работи неговата сопруга и менаџер Ванда Нара. Поранешниот младински играч на Барселона и член на сениорите на Сампдорија и Интeр беше понуден на Манчестер Јунајтед и Галатасарај.
Според вестите на TYC Sports, сопругата на Икарди смета дека овие два тима се доволно добри за Мауро. Галатасарај е атрактивен бидејќи се наоѓа во прекрасниот Истанбул и нуди страствено фудбалско искуства, додека на Манчестер Јунајтед му е потребен напаѓач како замена за Кристијано Роналдо и секако е познат клуб во кој секој би сакал да игра барем половина сезона.