четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ВАР го очекуваат големи промени во Серија А

ВАР го очекуваат големи промени во Серија А

Воведувањето на ВАР не помина во најдобар можен ред како и во Серија А, така и во останатите европски лиги. Па затоа уште од сега италијанската федерација размислува за големи промени во однос на ВАР технологијата од сезоната 2019/2020.

Идејата е од наредната сезона одлуките на ВАР да се донесуваат само во посебен ВАР центар, односно да не постои веќе ВАР соба на самите стадиони. Центарот ќе се наоѓа во Техничкиот центар во Коверчан, а од таму ќе биде во комуникација со главните судии на теренот и ќе известува за спорните ситуации.

Покрај тоа што судиите ќе се консултираат со центарот во Коверчан во однос на одлуките, таму ќе се одржуваат и обуки на судиите за ВАР технологијата да функционира на најдобар можен начин.