сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Варан и Конате се надвор од тимот во пресрет на финалето на СП

Варан и Конате се надвор од тимот во пресрет на финалето на СП

На два дена пред финалето на Светското првенство во Катар меѓу Франција и Аргентина, францускиот селектор Дидие Дешамп има доста проблем. Стоперите Рафаел Варан и Ибрахима Конате во моментов се надвор од терените поради грип.

Двајцата го одиграа полуфиналниот натпревар во средата против Мароко (2:0), но по него се пожалија на здравствени проблеми.

Денеска е констатирано дека и двајцата имаат благи симптоми на настинка и грип, па веднаш се изолирани и нивната состојба се следи од час во час.

Поради истите проблеми полуфиналето го пропуштија Дајо Упамекано и Адријан Рабио, додека болен беше и Кингсли Коман.

Прашање е дали Варан и Конате ќе се опорават до финалето, а во случај тоа да не се случи, Дешамп ќе мора да се потпре на други опции.

Упамекано, кој сега е подобар, би можел да биде една опција, а друга опција е Вилијам Салиба од Арсенал.