Екипата на Барселона има убедливи 3-0 по првите 45. минута во дуелот со Виљареал во рамки од Примера.
На „Камп Ноу“ присутните гледачи можеа да уживаат во мајсториите на фудбалерите на Чави, а особено расположен е Роберт Левандовски. Полскиот ас е творец на два од трите погодоци на својот тим, од кои првиот беше вистинска велемајсторија. Искусниот напаѓач со еден потег ја фрли на „земја“ целата противничка одбрана и рутински ја смести топката во посакуваната цел.
Голот на Левандовски погледнете го ТУКА
Полскиот ас погоди и за 2-0, додека пред полувремето во листата на стрелците се запиша и младиот Ансу Фати.