понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Венгер по новиот пораз: Јас решавам за мојата иднина

Венгер по новиот пораз: Јас решавам за мојата иднина

Поразот на Арсенал од Манчестер Сити во Премиер лигата синоќа од 0:3, уште повеќе ги зголеми тензиите околу менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Сепак, Французинот не е подготвен да се предаде и да го напушти клубот, иако тоа е желбата на многу од поддржувачите на Арсенал. Венгер јасно стави до знаење дека само тој решава каква ќе биде неговата иднина.

– Јас сум тука веќе 21 година и секогаш го почитував мојот договор, па затоа сум зачуден од прашањата, дали ќе заминам. Мојот став е диктиран од она што го постигнав во мојот живот. Сите одлуки беа и секогаш ќе бидат мои. Така о ќе остане, рече Арсен Венгер по вчерашниот пораз на „Емирати“.

Арсенал прими три гола во првиот дел во мечот дома против „граѓаните“ и тоа е нов антирекорд, откако „топџиите“ никогаш не дозволиле повеќе од два гола до полувреме.