недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вернер: Следува успешна иднина со Челзи

Вернер: Следува успешна иднина со Челзи

Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер ги сподели првите впечатоци по потпишувањето за Челзи.

– Задоволен сум што потпишав договор со Челси, јас сум многу горд што се приклучив на овој прекрасен клуб. Секако, сакам да му се заблагодарам на Лајпциг и на навивачите за четирите фантастични години. Лајпциг засекогаш ќе остане во моето срце, изјави Вернер.

Со нетрпение ја очекувам следната сезона со моите нови соиграчи, мојот нов тренер и секако навивачите на Челзи. Пред нас е многу успешна иднина, додаде германскиот фудбалер.

Во сезоната 2019/20, Вернер одигра 43 натпревари за Лајпциг, постигна 32 гол и направи 13 асистенции.