Откако се појави Chat GPT, милиони корисници ширум светот бараат одговори на различни прашања секој ден.
Вештачката интелигенција е уред за одговарање на сите прашања, вклучително и на спортските, така што беше само прашање на време кога ќе биде побарано да се состават најдобрите 11 фудбалери на сите времиња.
Chat GPT одговори дека „изборот на најдобрите играчи на сите времиња зависи од субјективните преференции, ерата во која тие играчи играа и влијанието што го имаа врз фудбалот“.
Според него, најдобриот состав на сите времиња е следниот: голман Лав Јашин, десен бек Кафу, стопери Паоло Малдини и Франц Бекенбауер и лев бек Роберто Карлос, играчи од средниот ред се Зинедин Зидан и Диего Армандо Марадона, додека напаѓачи се Лионел Меси. , Пеле, Кристијано Роналдо и Роналдо Назарио де Лима.
Објаснувањето е следно.
-Овој тим има легендарни, нaјталентирани фудбалери кои некогаш играле фудбал. Тие освоија бројни индивидуални награди и им помогнаа на своите тимови да освојуваат титули. Сепак, конечната одлука за најдобриот фудбалски тим на сите времиња ќе биде донесена врз основа на индивидуални мислења и на тоа може да влијаат многу фактори, тврди Чет ГПТ, кој практично се оградил доколку некој не се согласува со изборот.
🚨👀 TOP 11 Footballers of all time according to Chat GPT pic.twitter.com/dPk15zlOOX
— Pubity Sport (@PubitySportIG) March 30, 2023