Лоша вест за новиот менаџер и навивачите на Челзи. Весли Фофана има сериозна повреда на коленото која ќе го оддалечи од терените подолг временски период.
Според потврдата од Маурисио Покетино, Фофана има скинати предни вкрстени лигаменти во коленото поради што и не отпатува со тимот во САД.
„Ова е навистина, навистина лоша вест. Сите сме тажни. Сè што можеме да направиме е да му помогнеме. Знаеме дека се работи за лоша повреда, но се надеваме дека ќе може да се врати во тимот што е можно поскоро. Мораме да продолжиме. Сезоната почнува за еден месец и не чека никого, па мораме да бидеме подготвени за настап“, вели Покетино.