четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Белингем ја покори Барселона, историја за Модриќ

ВИДЕО: Белингем ја покори Барселона, историја за Модриќ

Реал Мадрид славеше во големото дерби против Барселона со 2:1 во 11. коло од Ла Лига.

Каталонците на стадионот во Барселона поведоа по само шест минути со голот на Гундоган и одиграа одлично прво полувреме.

Во вториот дел Анчелоти направи три измени што ги раздвижи „Кралевите“ на теренот по што новата светска сензација Џуд Белингем постигна еврогол во 68. минута за израмнување. Англискиот репрезентативец му донесе голема победа на Реал во 92. минута.

Лука Модриќ се запиша во историјата на популарното Ел Класико како највозрасниот играч кој настапил во ова дерби.

Со оваа победа Реал Мадрид се врати на врвот на табелата во Ла Лига, додека Барселона остана на третото место со два бода повеќе од Атлетико Мадрид, но и два натпревари повеќе.