четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Ефектен гол на Рашфорд – „бомба“ во голманска страна од слободен удар

ВИДЕО: Ефектен гол на Рашфорд – „бомба“ во голманска страна од слободен удар

Фудбалската репрезентација на Англија во последното коло против Велс долго време беше скромна и мрежите по првиот дел во Доха мируваа. Сепак, фаворитот успеа за три минути да постигне два погодоци, со што направи голем исчекор кон потврда на првото место во групата Б на Светското првенство.

Првиот погодок беше ремек-дело на Маркус Рашфорд. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед изведе слободен удар на околу 25 метри од голот, биеше силно во голманската страна и го фати Дени Ворд во расчекор за ефектен погодок (0-1).

Готот погледнете го ТУКА

Практично во следната акција „Гордиот Албион“ дојде до двојна предност. Висок пресинг резултираше со одземена топка во последната третина од теренот, Кејн нафрли на втора статива до Фил Фоден, а овој ја смести топката во мрежата.

Готот погледнете го ТУКА

На Англичаните на овој натпревар им беше потребен барем бод за потврда на местото во нокаут рундата, па поради тоа Герет Саутгејт им даде шанса на „резервите“. Сепак, Рашфорд и Фоден ја оправдаа довербата и му зададоа главоболки за следните натпревари на селекторот.