петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Елмас во изборот на УЕФА за гол на колото во евроквалификациите

ВИДЕО: Елмас во изборот на УЕФА за гол на колото во евроквалификациите

Македонската А репрезентација во Скопје загуби од Украина со 2:3 во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 во Германија.

Нашите најдобри фудбалери после првото полувреме имаа водство од 2:0, а вториот погодок беше ремек дело на Елиф Елмас.

Неговиот прекрасен гол од далечина се најде меѓу кандидатите за гол на колото во евроквалификациите во изборот на УЕФА.

Покрај Елмас на официјалниот сајт на УЕФА фановите може да гласаат и за Грант Леон-Ранос (Ерменија), Бернардо Силва (Португалија) и екс играчот на Вардар, Јасир Асани (Албанија).

Потсетување дека нашата селекција својот нов меч во квалификацискиот циклус ќе го има в понеделник (19 јуни) на „Олд Трафорд“ во Манчестер против Англија.