среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Емоциите беа посилни, Гудељ се скрши на дочекот во Севиља – Го изгубив бебето и братот на три минути

ВИДЕО: Емоциите беа посилни, Гудељ се скрши на дочекот во Севиља – Го изгубив бебето и братот на три минути

Фудбалерите на Севиља по седми пат станаа победници на Лига Европа. По изведувањето на пенали успеаја да ја совладаат Рома и потоа да го подигнат трофејот што значеше и враќање во Лигата на шампионите.

Еден од клучните играчи на патот до пехарот беше српскиот репрезентативец Немања Гудељ, кому сите играчи и тренери му го посветија пехарот поради се што помина во претходните месеци.

Гудељ не ги криеше солзите веднаш по финалето, а емотивен беше и на дочекот во Севиља.

-Ова е најтешката година во мојот живот. Го изгубив брат ми три минути. Го изгубив моето бебе…“, изјави Гудељ во обраќањето до присутните навивачи, а потоа заплака.

Ракитиќ прв го прегрна, а потоа и другите соиграчи. Едноставно, со нив се е полесно. Навивачите му пружија поддршка скандирајќи го неговото име.