петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Играше со Роналдо, Пирло и Сидорф, а сега работи како пекар и сече дрва

ВИДЕО: Играше со Роналдо, Пирло и Сидорф, а сега работи како пекар и сече дрва

Фудбалот е спорт кој им овозможува секакви задоволства на играчите кои на крајот успеваат да дојдат до професионално ниво, но огромните финансиски бенефиции, не се секогаш гаранција за мирен и сталожен живот, особено поради тоа што има случаеви кои ни докажуваат дека парите навистина знаат да ги однесат играчите на лош пат.

Праксата во безброј наврати ни има докажано дека постојат фудбалери кои едноставно не знаат добро да управуваат со своите заработени пари, а последен ваков пример ни е поранешниот познат италијански дефанзивец, Фабио Мачелари. Левиот бек најмногу натпревари одигра за Лече и Калјари, но беше дел и од страшниот тим на Интер во 2001-ва година и ја делеше соблекувалната со играчи како Роналдо, Пирло и Сидорф. За жал, големата слава влијаела многу лошо врз Мачелари, кој сега на 45-годишна возраст е приморан да го издржува своето семејство на начин на кој никој не би го замислил.

Во гостувањето во „Медиасет“, Мачелари открива дека во изобилство на пари станал и зависник од дрога, а само семејството му помогнало да се врати на прав пат, па сега како обичен граѓанин работи како пекар, а во слободното време работи и како сечач на дрва.

– Постојано излегував, ноќта ја минував надвор и доцнев на тренинзите. Дрогата ме тресна од земја, брзо ги снема моите пари и мојата кариера. Ако можам да се вратам назад, ќе променам многу нешта, – порачува Италијанецот и додава.

– Толку се забавував и трошев, што на една обична личност ќе и требаат четири животи да го направи тоа. За среќа, со поддршка од семејството се вратив на правиот пат. Сега работам во пекарница и повремено одам со трактор и сечам дрва, – се исповеда Мачелари.

Извор: Дерби.мк