Фудбалската репрезентација на Шпанија запипа убедлива победа од 1-7 над Грузија на „Борис Паичадѕе“ во Тбилиси во рамките на квалификациите за Европското првенство. Бедемот на Грузијците беше целосно пробиен, а овој натпревар беше рекорден за Ламин Јамал кој влезе во шпанската историја.
Извештај од натпреварот:
Грузија парираше и се држеше до 22. минута кога резултатот го отвори Алваро Мората. Само пет подоцна автогол си даде Квирквелија, а веќе по половина час и третпат се тресеше мрежата на Мамардашвили, но овојпат имаше офсајд и голот на Руиз не важеше. Сепак, Шпанците не застанаа и до полувремето дадоа уште два гола. Стрелаа Дани Олмо во 38. и Мората вторпат две минути подоцна.
Второто полувреме тргна позитивно за Грузијците кои по серијата измени дадоа почесен погодок. Чакветадѕе во 49. минута го постигна единствениот погодок за својата селекција.
Во завршниот половина час, одново имаше шоу на „фуријата“. Мората го комплетира хет-трикот во 65. минута, а три подоцна стрела и Нико Вилијамс. Во историјата на Шпанија се впиша 16-годишниот Ламин Јамал, кој стана најмлад дебитант и стрелец за својата земја. Асот на Барселона во 74. минута ги постави конечните 1-7. До крајот на средбата немаше резултатски промени.