Ливерпул денеска го совлада Челси во финалето од ФА Купот после пенал серијата во која „црвените“ беа подобри со 6:5 на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Овие две екипи се сретнаа и во финалето на Лига купот во кое исто така одлучуваа пеналите, во февруари Ливерпул тогаш славеше со 11:10.
Ова е втор трофеј сезонава за Ливерпул, а во игра се уште два. Во вечната листа на победници на ФА Купот, „црвените“ се израмнија со Челси со осум трофеи. Исто толку има и Тотенхем, на второто место е Манчестер јунајтед со 12 трофеи, а Арсенал е на врвот со 14.
Воедно стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп е првиот германски тренер со трофејот од ФА Купот на Англија.
Немаше голови во регуларните 90 минути, за одбележување е повредата на играчот на Ливерпул Салах кој мораше да ја напушти играта во 33 минута.
Мируваа мрежите и во дополнителните 30 минути, а во пенал серијата непрецизни кај Челси беа Азпиликуета и Маунт, а на спротивната страна Ливерпул непрецизен беше Мане.
По нереализираниот удар на Маунт за израмнување, решавачкиот гол од белата точка за големо славје на Редси го постигна Цимикас.
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL