По Челзи, Манчестер Сити и Кристал Палас, фудбалерите на Ливерпул се последните полуфиналисти во најстарото фудбалско натпреварување на светот англискиот ФА Куп
„Редси“ местото меѓу четирите најдобри екипи во годинишеното издание го изборија со гостинската победа од 1:0 кај второлигашот Нотингем Форест, а решавачкиот погодок го постигна Диого Жота во 78 минута.
Ливерпул во полуфиналето ќе игра притив Манчестер Сити кој немаше многу проблеми против Саутемптон кого го совлада на гости со 4:1.
Стрелци за „Граѓаните“ беа Рахим Стерлинг во 12, Кевин Де Брујне од пенал во 62, Филип Фоден во 75 и Ријад Марез во 78 минута, додака за Саутемптон погоди Емерик Лапорт кој во последните моменти од првото полувреме ја погоди сопствената мрежа.
The 𝘴𝘭𝘪𝘨𝘩𝘵𝘦𝘴𝘵 of touches from @DiogoJota18.@LFC #EmiratesFACup pic.twitter.com/medNXfWdSI
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) March 20, 2022
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Кристал Палас и Челзи.
Кристал Палас во четвртфиналето го декласираше Евертон со 4:0. За лондонскиот тим стрелци беа Марк Гуехи во 25, Жан Матета во 41, Вилфред Заха во 79 и Вил Хјуџес во 87 минута.
Челзи во саботата со 2:0 го совлада второлигашот Мидлсборо. Челзи сите дилеми ги острани уште во првото полувреме, кога мрежата на домашните ја затресоа Ромелу Лукаку во 15 и Хаким Зијех во 31 минута, и во двата случаи асистент беше Мејсон Маунт.
Полуфиналните дуели на распоредот се на 16-ти и 17-то април на лондонски „Вембли“, а финалето на истиот стадион ќе се игра на 14-ти мај.