среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Меси на пена од пиво, навивачите во Катар можат да добијат пиво со ликот на омилениот фудбалер

ВИДЕО: Меси на пена од пиво, навивачите во Катар можат да добијат пиво со ликот на омилениот фудбалер

Навивач од Катар сподели видео од специјално „украсено“ пиво кое може да се добие за време на Светското првенство.

Видеото што го сподели прикажува „машина за пиво“ на која можете да го изберете ликот на вашиот омилен фудбалер кој сакате да го видите на пијалокот.

Во Катар можете да земете пиво со вашиот омилен играч на него, стои во описот.

На видеото се гледа како навивач избира слика на Меси која потоа е нацртана на пената.

Иако пивото е забрането во зоните околу стадионот, истото може да се добие во навивачките зони.