понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Не е чудо што е среќен – откриена заработката на Бејл за секој гол, минута, натпревар…

ВИДЕО: Не е чудо што е среќен – откриена заработката на Бејл за секој гол, минута, натпревар…

Агентот на Герет Бејл одново го навлече гневот на Реал Мадрид и навивачите. Тој изјави дека неговиот клиент нема намера да си замине и ќе продолжи да ја зема високата плата од мадриѓани.

Зинедин Зидан му дава до знаење дека не е дел од неговите идни планови. Но, тоа не е никаков проблем за Велшанецот, кој ужива и кога се наоѓа на резервната клупа. Не е чудно што тоа е така, ако се земе предвид неговиот приход од „кралевите“. Во изминатата сезона офанзивецот заработи 5,53 милиони по гол, 13.000 за секоја одиграна минута, 1,2 милиони за секој старт, 830.000 за секој натпревар и 8,3 милиони за секоја асистенција.

Договорот на Бејл е во трајност до 2022 година. Истиот го потпиша во октомври 2016 година, кога Флорентино Перез стравуваше дека ќе го загуби поради големиот интерес од Манчестер Јунајтед.

Незадоволството беше евидентно на лицето на велшкиот репрезентативец при прославата на титулата во Примера. На видеата кои беа споделени точно беше прикажан неговиот став во однос на желбата да му помогне и да се радува заедно со клубот.