Мохамед Салах допатува во Русија, а поради повредата на рамото големи се шансите да го пропушти првиот натпревар од Светското првенство.
Репрезентацијата на Египет во петок игра против Уругвај, а настапот на ѕвездата на Ливерпул и натаму е под знак прашалник.
Салах во моментите кога слезе од автобусот беше пречекан од навивач кој што имаше намера да направи селфи, но не беше доволно внимателен и го фати Салах за повреденото рамо, по што фудбалерот направи болна гримаса.