Незапамтен инцидент го одбележа мечот од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити, во кој „кралевите“ победија со 3:1.
Како што претходно објавивме, навивач влета во теренот равиорувајќи албанско знаме, а на социјалните мрежи се појави и нова снимка од овој инцидент.
Публиката покрај малите екрани немаше прилика да го види ова, бидејќи правилата на УЕФА не го дозволуваат тоа во текот на преносите, но затоа ова не е забрането за навивачите на трибините кои го овековечија овој момент.
Според снимките навивачот влетува на терен, а на редарската служба и беше потребно подолго време да реагира.
Следеше бркотница по теренот, а навивачот кој влета вееше албанско знаме, а на крајот успеа да го прегрне својот омилен играч Карим Бензема чии дрес го носеше.
Да потсетиме, Реал Мадрид вчера на брилијантен начин упеа да го победи Манчестер сити и да се пласира во финалето од Лигана на шампионите, а доколку успее да ја освои ова ќе биде четиринаеста титула за „кралскиот клуб“.
Во финалето Реал Мадрид ќе се сретне со Ливерпул, клуб против кој „кралевите“ последен пат ја освоија Лигата на шампионите.
Финалето ќе се одигра на 28 мај во Париз.