Португалскиот репрезентативец Гонсало Рамос го постигна првиот хет-трик на Светското првенство во Катар.
Рамос три пати ја затресе мрежата на Швајцарија во 17, 51 и 67 минута. Португалците славеа над Швајцарците со 6:1 и се пласираа во четвртфиналето од натпреварувањето.
Пепе по асистенцијата на Фернандеш погоди во 33 минута за резултат од 2:0 откако Рамос го отвори претходно резултатскиот бум.
Четири минути по својот втор погодок, Рамос асистираше за четвртиот гол на натпреварот кој го постигна Гереиро. Следуваше погодок на Швајцарците кои тука и запреа.
67 минута беше повторно среќна за Рамос и постигнување на првиот хет-трик во Катар, а печат на убедливата победа на Португалија стави Леао за конечни 6:1 во судиското продолжение.