вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Салах бесен го напушти теренот, фудбалската легенда му порача „Замолчи и седи“

ВИДЕО: Салах бесен го напушти теренот, фудбалската легенда му порача „Замолчи и седи“

Во дербито на премиерното коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Ливерпул и Челси ги поделија бодовите играјќи 1:1, а головите ги постигнаа Диаз и Дисаси.

„Црвените“ први поведоа со 1:0 откако Салах со феноменално додавање го пронајде Диаз кој лесно го матираше Санчез.

Јирген Клоп реши да го замени Мохамед Салах во 77. минута, а потегот на германскиот тренер не му се допадна на Мо кој од терен излезе видно незадоволен и бесен.

Тој во знак на протест го извади завојот од раката додека го напушташе теренот, не го поздрави Клоп на пат кон клупата, а кога седна ги крена рацете во воздух.

-Во ред е да си вознемирен, но не дозволувај тоа да трае предолго. Тој ја сврте главата, а потоа седна на клупата со рацете во воздух. Замолчи и седи! Мора да ја прифатиш одлуката на тренерот, можеш бидеш вознемирен, но тоа не треба да се одолговлекува. Видовме како подобри играчи од Салах излегуваат од игра, сето тоа е дел од играта, изјави легендарниот фудбалер Рој Кин на програмата на Скај Спорт по натпреварот.