четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Сон изведе спринт магија, Кореја лудо влезе во осминафинале!

ВИДЕО: Сон изведе спринт магија, Кореја лудо влезе во осминафинале!

Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја одигра на нивото кога е најпотребно и забележа победа над Португалија (2-1) со која обезбеди место во следната фаза на Светското првенство (СП) кое се игра во Катар.

Португалија играше со комбиниран тим, ама победата на азиската селекција и тоа како добива на тежина затоа што е извојувана со пресврт, по голема борба. Потегот на натпреварот го изведе Хјон-Мин Сон кој во самиот финиш претрча цел терен, па го проигра Хи-Чан Хванг, за погодок во 91. минута вреден осминафинале.

Видеото погледнете го ТУКА

Што се однесува до натпреварот, Португалија играше во првото полувреме и беше поактивна, тоа ѝ донесе предност преку Хорта уште во петтата минута. Се играше 27. минута кога Јонг-Гвон Ким изедначи на 1-1 по мешаница и тоа беше резултат на паузата. Европската селекција беше инфериорна во второто полувреме, па триумфот на Корејците е сосема заслужен.

Јужна Кореја патува во следната фаза како второпласирана затоа што има повеќе постигнати голови од Уругвај. Двете селекции се со ист број на бодови, иста гол-разлика, изедначен меѓусебен дуел (0-0), па одлучија повеќето постигнати голови на азискиот тим (4-4 за Кореја, наспроти 2-2 на Уругвај).