Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио, може да ја заврши сезоната 2019/2020 пред уште таа да започне.
Шпанецот играше само 20 минути во контролната со Арсенал, во која постигна гол, асистираше за уште еден, но го напушти теренот со тешка повреда во 65-тата минута.
A close look at Asensio’s injury that may force Zidane to eat his own words and keep Gareth Bale… pic.twitter.com/B5eIRFeEww
— Douglas (@iamdouglaseze) July 24, 2019
Тој се сруши на теренот по дуел со Пјер-Емерик Обамејанг и се фати за коленото. Фудбалерот веднаш се расплака, а лекарите го однеле во болница пред крајот на мечот.
Треба повеќе истражувања да се направат, но сомнежите се поврзани со искинати лигаменти. Ако оваа дијагноза е потврдена, Aсенсио нема да биде на теренот во следните 9 до 10 месеци.
Asensio being carted off with a brutal looking knee injury after a beautiful goal. Hope he is alright #RealMadrid #marcoasensio10 #RealMadridArsenal pic.twitter.com/zXDlRJDTYa
— Noah koon (@noah_koon) July 24, 2019
– Ние сме малку загрижени за ситуацијата на Марко. Има проблем во коленото, тој има ужасна болка. Веднаш го испративме во болницата за тестови. Откако ќе завршат ќе имаме повеќе јасност што се случило, рече тренерот на тимот, Зинедин Зидан.