петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Торнадо и град го погодија Катар пред четвртфиналето на Мундијалот

ВИДЕО: Торнадо и град го погодија Катар пред четвртфиналето на Мундијалот

Торнадо и град го погодија Катар во пресрет на четвртфиналето на Светското првенство.

Торнадото го погоди индустрискиот град Рас Лафан, околу 80 километри северно од главниот град Доха.

Темни облаци се наѕираа во близина на стадионот Ал Хор, каде што се играат најголемиот дел од натпреварите.

Метеоролошкиот оддел на Катар објави видео од торнадото на Твитер набргу откако предупреди дека дождот ќе стане „невреме со грмотевици“ со зборовите „ве молиме бидете внимателни“.

Уште едно торнадо е забележано во напуштениот град Ал Хувајла, на североисточниот брег на Катар.

Во наредните денови се очекуваат повремени врнежи од дожд и пад на температурата.