четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Во 2016 како осумгодишник му беше придружба, а сега го „натера“ Рамос да си даде автогол

ВИДЕО: Во 2016 како осумгодишник му беше придружба, а сега го „натера“ Рамос да си даде автогол

Фудбалерите на Барселона со доста потешкотии ја „скршија“ Севиља и славеа со 1-0 во дербито на Примера. Иако имаа многу шанси, домаќините дојдоа до победата со автоголот на лутиот ривал Серхио Рамос. Ветеранот кој летово се врати во Севиља несреќно ја стресе сопствената мрежа во 76. минута по уфрлување од младиот Ламин Јамал.

Овие двајца имаат интересна заедничка приказна. Светските медиуми се присетија на едно „Ел Класико“ во 2016 година. Имено, тогаш осумгодишниот Јамал му беше придружник на Рамос при излегувањето на теренот, како дете од школата на Барселона. Ова видео го обиколи светот и привлече доста реакции.

Сега, Јамал порасна и стигна во првиот тим на Барселона, а во новата средба со шпанската легенда излезе како победник. Токму Јамал беше човекот кој го „изнуди“ автоголот, со вратена топка на петерецот од десната напаѓачка страна.