сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Винициус: Хрватска го има Модриќ и нема да биде лесен противник

Винициус: Хрватска го има Модриќ и нема да биде лесен противник

Винициус Жуниор и неговите соиграчи досега немаа големи проблеми на турнирот. Само поразот од Камерун во групната фаза, кој беше небитен, остава црна дамка на нивниот досегашен настап во Катар.

„Хрватска беше во финалето во 2018 година. Сигурно нема да биде лесен противник. Покрај тоа, Хрватска го има и освојувачот на „Златната топка“ Лука Модриќ, а тоа додава тежина на нивната репрезентација. Она што сакаме е да го промениме сето она што ни се случуваше негативно на последните неколку Светски првенства. А тоа значи дека сакаме да одиме во полуфинале. Голот е најважниот момент во фудбалот. Кога ќе постигнеме гол на Мундијалот не се радуваме само ние туку и целата наша татковина. Имаме уште многу да славиме. Се надевам дека ќе продолжиме да танцуваме и да играме добро за да одиме до крај. Луѓето сакаат да се жалат кога ги гледаат другите среќни, а ние Бразилците сме секогаш среќни. Затоа и не чуди што најмногу критики се упатени кон нас. Ќе продолжиме да шириме радост бидејќи повеќе луѓе се за нас отколку против нас“, изјави офанзивецот.