Холандскиот фудбалски репрезентативец и члек на Ливерпул Виргил ван Дијк веќе подолго време е надвор од терените по тешката повреда што ја заработи на мечот со Евертон и без него Холандија ќе мора да игра на Европското Првенство.
Исто така, лоши вести од лекарите на Ливерпул пристигнуваат за Јирген Клоп, кој нема да може да смета на Џо Гомез, кој исто така е тешко повреден.
Холандскиот дефанзивец, кој беше прогласен за најдобар стопер во Премиерлигата го минува процестот на рехабилитација, но Клоп вели дека засега процесот оди многу бавно.
„Вирџил почна да трча, но процесот на рехабилитација оди бавно. Јас би сакал повеќе од се веднаш да може да игра, но според информациите што ги имам тешко дека ќе стаса да игра на Европското првенство. Се надевам дека ќе биде потополно здрав за летните подготовки за следната сезона“, изјави Клоп.