понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вистина или манипулација: Проблеми во швајцарската репрезентација!

Вистина или манипулација: Проблеми во швајцарската репрезентација!

Швајцарија утре игра против Србија во директниот дуел за пласман во осминафиналето, а на ден пред клучниот меч, излегоа информации за проблеми во составот.

Наводно, од вчера болни се голманот Јан Зомер и дефанзивецот Нико Елведи кои се неизвесни за настап поради што и Швајцарците, наводно, се во паника. Двајцата не тренирале во текот на денешниот ден, најлошо им било ноќеска, а утре ќе се знае дали ќе бидат во комбинација.

Од претходно, неизвесно се Џердан Шаќири, Ноа Окафор и Жибрил Со кои се повредени и му создаваат дополнителни главоболки на селекторот. На Швајцарија ѝ е потребен бод за пласман во осминафиналето.