Заврши уште една од групите на Светското првенство, Колумбија и Јапонија се пласираат во следната фаза од Светското првенство.
Во групата Х се одигра вистинска драма во последните 90 минути, па Јапонија во следната фаза отиде поради помал број на жолти картони.
Имено Јапонија и Сенегал имаат исто бодови, по четири, како и иста гол разлика, 4:4, а меѓусебниот дуел им заврши 2:2, бидејќи сите параметри се исти и не можеше преку гол разлика, повеќе или помалку постигнати голови, или пак меѓусебниот дуел да се дознае патникот во следната фаза, одлуката дојде на начин на кој досега не се случило.
Понатаму оди репрезентацијата на Јапонија бидејќи имаше помалку жолти картони.
Имено, Јапонија со 4 жолти картони беше подобра од Сенегал на крајот собра 6 жолти картони.
Колумбија завршува прва во оваа група, а втора е Јапонија, тие ќе се вкрстат со Белгија или Англија, кои вечерва го играат меѓусебниот дуел.
Инаку, во последното коло победи од 1:0 оствари Колумбија против Сенегал, а со истиот резултат Полска беше подобра Јапонија