среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вистински хорор: Фудбалер убил судија среде натпревар (ФОТО)

Вистински хорор: Фудбалер убил судија среде натпревар (ФОТО)

Трагедија се случила во мексиканскиот град Гвадалупе, пишуваат тамошните медиуми.

23-годишниот фудбалер Џонатан Г. кој настапува за локалниот клуб од градот на сред натпревар најпрво го удрил, а потоа и го оттурнал 62-годишниот фудбалски судија, Хуан Ернандез.

Несреќниот арбитар паднал на земја, а со гавата удрил на земја, што кај него предизвикало смртоносни повреди, пренесува мексикански „Ел Еспањол“.

Итната помош веднаш реагирала, но залудно.

Фудбалерот бил приведен во полиција. Нему освен обвинението за убиство на судијата, на товар му се става и тоа што не му пружил помош на Ернандез.

 

Извор: ТопСпорт