Огромен инцидент се случи во второто полувреме од мечот меѓу Евертон и Тотенхем, откако Сон со груб старт му ја скрши ногата на домашниот фудбалер Андре Гомеш.
Португалецот неколку минути подоцна го удри со лакот корејскиот фудбалер, кој тргна во одмазда, стартуваше од зад грб, но јасно е дека немаше намера да дојде до вака сериозна повреда. Самиот Сон беше во шок кога ја виде скршеницата, заедно со останатите фудбалери, а судијата Аткинсон најпрвин му покажа само жолт картаон, а потоа ја смени својата одлука и го испрати кон соблекувалната.
Извор: екипа.мк