петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Вистинско уживање: Сите голови од рекордниот Мундијал во Катар во осум ипол минути (ВИДЕО)

Вистинско уживање: Сите голови од рекордниот Мундијал во Катар во осум ипол минути (ВИДЕО)

Веќе е зад нас Светското првенство во Катар, шампионат кој на крајот заврши со триумф на селекцијата на Аргентина.

Овој турнир беше специфичен по многу работи, постоеја доста прашања, дилеми како ќе помине, што ќе се случи, дали ќе има проблеми, но се се заврши онака како што треба, па претседателот на ФИФА го прогласи и за најдобар Мундијал на сите времиња.

Во Катар паднаа доста рекорди, а еден од нив беше бројот на постигнати голови. Имено 172 пати топката заврши во мрежата на голманите, па во продолжение погледнете како тоа изгледаше, односно уживајте во сите погодоци во осум ипол минути почнувајќи со оној на Валенсија и завршувајќи со оној на Мбапе.