Продолжија возбудувањата во Втората македонска фудбалска лига водечкиот Гостивар во рамките од 16 коло запиша нова победа сезонава откако со 1:0 го совлада Пехчево. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Ринор Ајдини.
Вардар ремизираше со Арсими (1:1), гостите поведоа со погодокот на Абдија, а израмни Десниќ.Екипата на Воска Спорт беше убедлива против Караорман (4:1), а најубедлив беше Пелистер кој со 5:0 го надигра Кожуф.
Во другите мечеви: Беласица – Детонит Плачковица 2:1, Беса 1976 – Саса 2:0, Слога Виница – Борец 4:0, Тетекс – Охрид 2:0. На табелата води Гостивар со 40 бодови, пред Воска Спорт и Вардар кои имаат по 37.